ФФМ донесе одлука првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкендија да се игра на 13 септември, на стадионот во населбата Ѓорче Петров со почеток од 15 часот и 30 минути. Одлуката е донесена бидејќи Арената „Филип Втори“ е резервирана за првиот натпревар во Лига Европа меѓу Вардар и Зенит, кој ќе се игра во четврток во 21 часот и 05 минути. Инаку, реваншот се игра на 18 октомври во Тетово.

Shpërndaj me