Рускиот претседател Владимир Путин е задоволен што, и покрај тешкотиите во политичките односи меѓу Руската Федерација и Сојузна Република Германија, економската соработка меѓу двете земји продолжува и расте.

– Би сакал да забележам дека и покрај сите тешкотии во политичките  односи со Сојузна Република Германија, економската соработка не изумира, изјави шефот на руската држава на средба со претставници од германскиот бизнис.

Путин исто така изјави дека, „Германија и го отстапи првото место на Кина во однос на трговијата со Русија, но сепак и таа зазема значајно место во рускиот трговски промет”.

Според Путин, меѓусебната трговија на двете земји оваа година веќе порасна за 25 отсто.

-Трговската размена на крајот на 2016 година изнесува 40,7 милијарди долари, обемот на директни инвестиции во руската економија од страна на компании од Германија достигна 18 милијарди долари, рече Путин.

– Повеќе од 5.000 компании со удел од германски капитал работат во Русија. Во нив се вработени 270.000 руски граѓани. Обртот на тие компании е над 50 милијарди долари, изјави Путин. 

Shpërndaj me