Средношколци од електро-машинскиот училишен центар и од средното угостителско училиште во Охрид денес среде настава организирано излегоа и протестираа. Рекоа дека се решила за тоа за зачувување на унитарноста на државата, против двојазичност и федерализација. Негираа дека некој ги организирал.

„Ако треба и неоправдани ќе имаме, но за Македонија сè. Нема да ја прифатиме тиранската платформа бидејќи ова е Македонија. Сами се организиравме. Не ни треба некој да нè организира за да се заштити Македонија.“

„Ние протестираме за Македонија. Протестираме за нашиот јазик, знаме, химна да си останат.Утрово бевте на училиште? Не. Ако сакаат и неоправдани нека пишуваат. Стојат ли директорите на училиштата позади вас? Некои стојат, некои не. Ние се организиравме.“ – велат дел од учениците

Како што дознава Алсат револтирани родители случајот го пријавиле кај општинскиот просветен инспектор. Директорот на електро-машинскиот училишен центар, Јане Цаноски, негира дека некој ги организирал учениците. Телефонски за Алсат рече дека како матуранти можеле да го искажат свој став, но не одговори кој им дозволил да излезат среде наставен процес.

Од државниот просветен инспекторат во Охрид велат дека не можат да преземат одредени мерки без претоходно некој до нив да поднесе претставка.

Слични протести на средношколци денес имаше и во Битола. Почнаа од пред економското училиште Јане Сандански и продолжија кон другите средни училишта во градот.

Мики Трајковски

Shpërndaj me