Кривичниот суд го прифати обвинението за случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Ќе им се суди на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и на лидерот на ДПА Мендух Тачи.

На обвинителна клупа ќе седнат и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и актуелниот член на ова тело, Сашо Срцев. Сепак, скопска единица одлучи да го отфрли обвинението за петте судии од Управниот суд. СЈО поднеле жалба на ваквата одлука. Претходно, Апелацискиот суд одлучи дека прислушуваните разговори за овој случај ќе можат да бидат докази.

Shpërndaj me