Во последниве неколку децении употребата на антибиотци значително се зголемува, што придонесува бактериите со текот на времето да развијат отпорност што дополнително го отежнува лекувањето.

Луѓето немале од секогаш пристап до лесно употребливи лекови. Пред да се развие медицината, морале да се снаоѓаат и на природен начин да го заштитат имунитетот, да лекуваат рани и болести.

Оригано и масло од оригано
Ориганото е еден од најпопуларните зачини заради неговиот специфичен вкус и мирис. Истражувањата покажел дека овој зачин има одлично антибактериско својство и делува позитивно на дигестивниот систем. Маслото од оригано е одлично за третирање на гливични инфекции.

Куркума
Иако кај нас почна во последно време да се користи се повеќе, куркумата е одамна позната состојка која го штити здравјето. СО секое ново истражување, научниите откриваат нови предности од нејзина употреба. Одлична е за спреување на бактериски инфекции и е моќен антиоксидант. Смесата од мед и куркума може да се нанесува на кожа и има позитивно влијание на истата.
Јаболков оцет
Стручњаците советуваат користење на јаболков оцет во секојдневие оти има силно антибактериско и антисептичко својство. Освен тоа, овој вид оцет ја намалува киселоста во организмот и на тој начин учествува во превенција од болести.

Мед
Старите Римјани го користеле медот за лечење на рани и превенција од инфекции. Медот претставува еден од најдобрите природни антибиотици, а има антибактериско, антивоспалително и антисептичко својство. Посебно истакнат е манука медот кој содржи највисоко ниво на антиоксиданти.

Зелка
Многу малку луѓе знаат дека зелката е богата со витамин Ц. Само за пример, една чинија со зелка задоволува дури 75 % од потребата за витамин Ц. Има моќно антибактериско својство, а одлично влијае и на метаболизмот.

Кокосово масло
Уште еден производ кој масовно се употребува во последните години кај нас. Маслото од кокос има антибактериско и противгливично својство. Одличен извор на антиоксиднати кој воедно го намалува нивото на слободни радикали. Го зајакнува имнолошкит систем, ја регулира работата на штитната жлезда, го регулира исто така нивото на холестерол и шеќер во крвта. Може да се јаде и да се нанесува површински.

 

Текстот е преземен од hybread.mk 

Shpërndaj me