Министерството за финансии денеска ги презентираше измените во софтверот на Бирото за јавни набавки. Новина во системот е објава на склучените договори како и увид во тендерската документација. Од финансии сметаат дека со ова ќе се зголеми транспарентноста а јавноста ќе може да направи анализа на податоците. Во однос на договорите склучени без оглас, самите страни се обврзани да ги внесат податоците. Во четири очи досега се склучени 484 договори.

„Она што се направи како прво во овој дел е отворањето на договорите и тоа се случи со одлука на владина седница и уште од минатиот месец се објавуваат договорите. Над 1700 договори до сега се објавени од страна на договорни органи а со цел да имаат транспарентен пристап на сите до целосната документација за склучувањето на јавната набавка“, рече Јована Аврамовска, портпарол на министерство за финасии.

Shpërndaj me