Списанијата „Моторспорт“ и „Автоспорт“ успеаа да ги обезбедат првите фотографии од новиот болид на „Вилијамс“ и тоа на еден месец од почеток на новата сезона. Во објавените фотографии од овие списанија се забележуваат промените кои се направени во болидот и може да се види шасија која е поширока со поголеми крилца. Инаку, официјалното претставување на новиот болид на „Вилијамс“ ќе биде на 25 февруари, два дена пред вонсезонските тестови кои ќе се одржат во Барселона. Инаку, за британскиот тим ќе возат Ланс Строл и Фелипе Маса.

 

Shpërndaj me