Обвинителството не смее да го преиначи обвинението за Бобан Илиќ и тој треба да добие максимална казна за убиството на четиригодишниот Алмир. Ова е став на професорот Осман Кадриу кој ги коментира стравувањата дека е можно обвинителството да го преквалификува делото.

“Пресудата треба да биде со казнување. Тука нема ниеден елемент за да се донесе ослободителна пресуда. Прашање на факти е каков вид санкција ќе има или висина на санкцијата, но за тоа не можеме да кажеме ништо, тоа е работа на судот кој во одредувањето на казната ќе ги оцени сите околности за ова пресуда и дело“. – изјави Осман Кадриу, правник

Обвинението за таткото на Алмир, Седат Алиу, професорот Османи го оценува како обид убиецот Бобан Илиќ да избегне одговорност.

“Тоа е за да се избегне одговорност или одговорноста да биде помала, ако се има во предвид последицата од кривичното дело поврзано со убиство. Тука имаме дело убиство на малото дете, покојниот Алмир“. – вели Кадриу

Вчера таткото на Алмир, Седат Алиу рече дека обвинителката на предметот се обидува него да го претстави како насилник, а не како жртва која го загубила синот.

“И синот го загубив, и сум обвинет за насилство, а јасно да се гледа во видеото, кога го објавија видеото, се гледа дека неговиот брат Бојан Илиќ излезе од автомобилот, откако не прегази со метална прачка не тепаше мене, брат ми и внукот, сите што бевме таму присутни, истото полицијата го има запоставено. Додека обвинителката, Сузана Кусигерска според нас, со повлекување на предметот се стави во одбрана на Бојан Илиќ ” – рече Седат Алиу- татко на жртвата

Таткото на Алмир и неговите двајца роднини се обвинети за насилство, дело за кое е предвидена затворска казна од 3 месеци до 3 години. Убиството на Алмир Алиу се случи на 25 јуни 2016 година како резултат на претходна расправија меѓу обвинетиот и родителот на Алмир.

Сенат Зулбехари

Shpërndaj me