По препорака на УНЕСКО стопирана е реализацијата на проектите за изградба на 8,5 километри долгиот пат од Струга до Требеништа. Тој требаше да се поврзе со автопатот во изградба Охрид – Кичево, но и со експресниот пат од Охрид преку Пештани до Свети Наум кој требаше да поминува преку Националниот парк Галичица. Станува збор за едни од најветуваните проекти на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерство за транспорт и врски:
По извршената мисија од страна на УНЕСКО доставени беа забелешки и препораки за стопирање за градбата… сè додека не се испита влијанието врз животната средина.“

Од Министерството за транспорт и врски за Алсат-М велат дека парите за овие градби во висина од 85 милиони евра кои биле обезбедени преку Европската банка за обнова и развој ќе се користат за други проекти.

„На делницата кон Струга има забелешки за недоволен број на вијадукти или приклучоци. Она на што става УНЕСКО забелешка е дека нема доволно пропусти односно канали и тунели под површината на патот каде треба да има премин на животни“, рече Трајче Талески-иницијатива Охрид СОС.

За патот од Охрид до Свети Наум, Талески вели дека е потребно да се изработи нов проект, како и нова студија за влијанието врз животната средина и тоа најверојатно до крајот на оваа година. Свесни за проблемите се и од еколошките здруженија во регионот.

„Реагиравме до Владата, но таа тоа го игнорираше, па требаше да реагира УНЕСКО и да дојде до ваква ситуација за да се запре со работа. Проектот треба да се ревидира. За жал, вака функционираат работите во нашата држава“, рече Берат Села- еколошко здружение Натура-Струга.

А, додека се отстрануваат забелешките, постоечкиот пат кој води од Охрид до Свети Наум и границата со Албанија останува во катастрофална лоша состојба, со дупки, тесен и непрегледен. Државата најави дека за почеток ќе се реконструира само еден дел од него, односно од Охрид до туристичката населба Лагадин.

Мики Трајковски

Shpërndaj me