Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека кратењето на непродуктивните трошоци, поддршката за домашните компании, и обезбедувањето мерки за засилување на социјалната кохезија се главните цели на ребалансот. ВМРО-ДПМНЕ се обиде да го попречи настапот на Тевдовски со транспаренти и обвинувања до Владата дека крати фондови  предвидени за важни инвестиции.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ дури и обвини дека со ребалнсот, се кратат фондови за универзитет на македонски јазик за сметка на високообразовна институција на албанскит јазик.

Томислав Тунтев од СДСМ ја потсети опозиција дека станува збор за буџет усвоен од ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт.

Парламентарната расправа за ребаланс на буџетот може да трае најмногу 5 дена.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me