Политичката криза, несигурноста, нееднаквоста меѓу странските инвеститори, но и некои други проблеми, доведоа до ситуација дијаспората да не инвестира во Македонија. Од Агенцијата за иселеништво велат дека бројот на наши граѓани кои живеат во странство е повеќе од половина милион. Дел од нив имаат успешни бизниси, но ретко кој се решава да инвестира во Македонија.

Граѓаните кои ја напуштиле земјава за подобар живот не сакаат да се вратат во Македонија или да инвестираат. Според универзитетскиот професор Сеадин Џафери, економијата и немањето безбедност во земјава го зголеми нивото на песимизам кај иселениците дека е можно да водат успешен бизнис во Македонија.

„Различните тензии како во политичка смисла, така и во смисла на безбедност се едни од факторите, не само за иселениците, туку воопшто и за странските инвестиции. Немаат гаранција дека ќе генерираат поголем капитал отколку што инвестирале и како резултат на тоа, тие се песимисти.“ – вели Сеадин Џафери, универзитетски професор

Министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, за заминувањето на иселениците ја обвинува претходната влада. Тој ветува дека новата влада подготвува планови за искоренување на оваа појава, иако во првите 100 дена на ова влада, нема никакви иницијативи во оваа сфера.

„Во минатото, Владата не прави ништо за да се понудат поповолни услови и можности за инвестирање. Вие знаете дека во изминатите 11 години странските инвеститори кои практично ги имаа сите привилегии, домашните, но и инвеститорите од дијаспората, не ги имаа истите привилегии.“ – изјави Едмонд Адеми, министерот без ресор задолжен за дијаспората

Од Агенцијата за иселеништво велат дека според старите статистики, 500 илјади граѓани на Република Македонија живеат во странство, но овој број се смета дека е многу поголем.

Шалваринов вели дека заедно со други надлежни институции подготвуваат планови за на иселениците да им се олесни враќањето и инвестирањето во својата татковина, но обвинува дека пред неговото доаѓање иселениците ги сметале како гласови.

Бесијан Лека

Shpërndaj me