Со девет натпревари низ европските стадиони завршија квалификациите за Светското првенство во Русија следнава година. Португалија и Франција се последните репрезентации кои завршија на првите места во своите групи. Португалија против Швајцарија победи со 2-0 додека Франција ја порази Белорусија со минимални 2-1. Директно учество на мундијалот обезбедија Франција, Португалија, Германија, Србија, Полска, Англија, Шпанија, Белгија и Исланд додека бараж ќе играат Швајцарија, Италија, Ирска, Данска, Хрватска, Шведска, Грција и Северна Ирска. Двојките од баражот ќе се одредат со жрепка на 17 октомври во Нион, Швајцарија.

Арјен Робен постигна два гола на последниот натпревар во дресот на Холандија која вчера ја порази Шведска со резултат од 2-0, но не успеа да се пласира во Русија бидејќи и требаше резултат со седум голови разлика. Инаку, Робен има 96 натпревари со 37 постигнати голови. Тој беше дел од финалето на СП во Јужна Африка 2014 година, додека четири години подоцна со Холандија го освои третото место на СП во Бразил.

Лионел Меси постигна три гола за победа на Аргентина против Еквадор од 3-1, по што Гаучосите обезбедија пласман. Домаќините го отворија резултатот со голот на Ибара додека Меси возврати со хет-трик во 12, 20 и 62 минута. Своето учество на мундијалот во Русија следната година го потврди и Бразил по високата победа над Чиле со 3-0 и Уругвај со победа од 4-2 над Боливија. Четвртото место во квалификациите од Јужна Америка го обезбеди Колумбија која одигра 1-1 со Перу, кој пак ќе игра бараж. Чиле и Парагвај останаа без пласман.

За првпат во историјата, репрезентацијата на Панама обезбеди пласман на едно светско фудбалско првенство. Средноамериканската нација на последниот натпревар дома ја победи Коста Рика со 2-1, но под голем знак прашалник е првиот гол на Панама, кој не ја помина гол-линијата.

Селекторот на Чиле, Хуан Антонио Пици поднесе оставка откако загуби од Бразил со со 3-0 и заврши на шестото место во Јужна Америка.

Махир Тачи

Shpërndaj me