Благодарејќи на дождот, многу пожари кои со денови беа активни, се изгаснати и се под контрола. Во областа над селото Кондово, која вчера беше зафатена од пожар, денеска нема оган. Жителите сведочат за ужасот и моментите на евакуација кога пожарот се доближил до куќите.

„Децата беа многу исплашени, сите ги напуштивме куќите како бегалци, сите отидоа по нивните роднини, останавме само ние мажите. Немаше шанса ниту пожарникари, ниту хеликоптери ниту авиони да дојдат за да го запрат оганот, оганот беше 10 метри високо. Цел Сарај беше со чад, кога почна оганот овде, тогаш селото се ослободи, бидејќи имаше многу чад, кога ситуацијата се смири и почна да дува ветер, тогаш се ослободивме малку.“

„Не само јас, туку сите бевме загрижени. Жителите што имаат куќи во близина на шумата, сите ги напуштија, преовладуваше голема паника. Денес сме смирени, благодарение на дождот и пожарникарите.“

„Ние како жители бевме исплашени, но оние со куќи близу пожарот, беа уште поисплашени, бидејќи ако гори куќата може да се изгори и семејството. Се собравме околу 200 жители и повеќе, но не се осмелувавме да направиме ништо, бидејќи огнот е оган. Во тие моменти пожарникарите и жителите беа оние кои брзо интервенираа.“ – изјавија жителите

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека активни пожари има во струшкото село Татеш, во реонот близу манастирот Трескавец, во неколку села во Прилеп, и на планината Бистра, но дека сите се под контрола. Во изминатите два месеца во Македонија се регистрирани 400 пожари што, според ЦУК, е многу поголема бројка во споредба со истите периоди во претходните години.

Вјолца Алити

Shpërndaj me