Забележано е драстично подобрување на известувањето на медиумите за предизборниот период. Директорот на Агенцијата за медиумски аудио и аудиовизуелни услуги, Зоран Трајчевски изјави дека досега се регистрирани само пет прекршувања на стандардите за разлика од претходните предизборни циклуси имало по околу 70.

Но, состојбата со порталите кои не се регулирани со закон е поинаква, Според Џабир Дерала од Центарот за слобода „Цивил“, на порталите во голема мерка е присутен говорот на омраза.

Намален е и бројот на напади врз новинарите. Но, од ЗНМ бараат институционална заштита на новинарите.

Инаку, оваа предизборна кампања врз основа на својата реторика е категоризирана како негативна кампања, поради тоа што политичките партии преку разни видео клипови упатуваат тешки обвинувања кон другите.

Aнеса Салиу

Shpërndaj me