По усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Собранието, следува рок од 10 дена за потпишување на указот од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Останува нејасно дали Иванов ќе го прифати или ќе го блокира Законот. За време на годишниот говор во Собранието, Иванов изјави дека Законот не го загрозува само македонскиот јазик, туку и унитарниот карактер на државата. Прашани од страна на Алсат – М, денеска од кабинетот на Претседателот не сакаа да дадат подетални информации:

„Претседателот ќе донесе решение според рокот предвиден со закон.“

Граѓаните се со поделени мислења околу применувањето на Законот за употреба на јазиците. Тие велат дека бројните ветувања што ги слушнале до сега, прави да не веруваат во спроведувањето на овој Закон.

„За 25 години донесоа многу закони, но ништо не се промени. Гледајте колку се спроведуваат законите и потоа дознајте колку ќе се применува и овој закон.“

„Добро е, но проблем е дали ќе се применува. Велам вака, бидејќи никогаш не ги применувале законите за правата на Албанците како што ветиле.“

„Добро е да се применува, како што ги имаат Македонците така да ги имаат и Албанците истите права. Да бидеме еднакви во државата. Ова не значи дека ќе се еднакви, но важно е да се користи“. – велат граѓаните

Претседателот Иванов, во говорот на крајот од годината пред пратениците рече дека со Законот за употреба на јазиците, за политички поени се ставаат под прашање постојаните интереси на Македонија и на македонскиот народ, без да истакне дали ќе го потпише овој закон или не. Но, претседателот на Парламентот, Талат Џафери вчера истакна дека ако евентуално Иванов не одговори позитивно, постојат механизми за повторно усвојување на Законот.

Бесијан Лека

Shpërndaj me