Лилјана Кузмановска повторно ја одложи расправата во Комисијата за финансирање и буџет каде што на дневен ред е Предлог-буџетот за 2018 година.

Се очекува претседателствувањето со ова собраниско тело да го преземе пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој беше назначен од претседателот на Собранието, Талат Џафери,  да претседава со Комисијата ако Кузмановка повторно ја одложи расправата.

Седницата за Предлог-буџетот 2018 година почна минатиот понеделник и оттогаш беа закажани неколку продолженија на седницата, но не се одржа ниту едно.

Расправата по предложениот буџет според Деловникот во Комисијата трае 10 работни денови. По текстот се поднесени 279 амандмани. По завршување на расправата во Комисијата, Предлог-буџетот оди на пленарна седница каде се расправа пет работни денови.

Shpërndaj me