Велшки камионџија стана првиот човек на светот кој ја препливал реката Колорадо крај познатата Хуверова брана.

Пред него, во теко на оваа деценија сите 275 лица кои на тој начин се обидоа да ја препливаат реката, завршија трагично.

Но, она што го прави овој подвиг уште поголем, е тоа што храбриот Арон Хјуз (28) скокнал во реката „мртов пијан“, оти тоа се случило по ергенската прослава на негов пријател, што се одржала претходната вечер во Лас Вегас.

Во таква состојба Велшанецот ја препливал 221 метар долгата водена граница меѓу американските сојузни држави Аризона и Невада.

– Стоевме покрај реката и си реков – одам да се капам. Се спуштив до водата, приближно ја измерив оддалеченоста и помислив – јас го можам тоа!, раскажува Хјуз.

Хјуз имал среќа и поради тоа што во моментот на тој налудничав потфат, девет од 10 турбини на браната биле исклучени. Сепак, кога стигнал до крајот, таму не го дочекал аплауз, туку „лисици“ на рацете.

На крајот, Велшанецот морал да плати и казна од 330 долари.

– Не го очекував тоа. Па никаде нема знак дека пливањето е забрането, рече подоцна тој.

Shpërndaj me