Ако јадете здраво, држите диети и упорно пробувате да изгубите килограми, но не ги гледате саканите резултати, време е да го преиспитата својот начин на исхрана. Некои навики кои се чинат како здрав избор всушност го успоруваат процесот на слабеење.

1.Се фокусирате на една група намирници
Диетите со мал процент јаглехидрати и масти се многу популарни, но избегнувањето на овие важни групи не е идеалната стратегија за слабеење бидејќи подоцна води кон прејадување и “јојо” ефект.
Драстичното намалување на јаглехидратите ќе даде резултати само привремено, односно килограмите ќе се вратат кога повторно ќе ги вклучите во вашето мени. Запомнете, идеалната исхрана е разновидна и без строги рестрикции.

2.Храната ја делите на “добра” и “лоша”
Се чувствувате “победнички” кога ќе изедете салата од марула, а лошо кога ќе се почастите со колач? Ваквиот начин на размислување исто така не ви прави услуга, туку напротив може да ве поттикне да јадете повеќе, да ве демотивира и да ве направи депресивни.
Во Универзитет во Торонто направен е експеримент кој вклучувал испитаници кои биле на диета и притоа им биле додавани 5 лажни килограми после мерењето. Тие што се чувствувале лошо после “забранетиот” оброк повторно се враќале на прејадувањето и на нездравиот начин на исхрана, а оние кои биле умерени и не се казнувале , продолжувале со диетета.

3.Броите калории
Слабеењето не е само собирање и одземање. Баш како и фокусирањето на една група намирници, броењето калории во 95 проценти од случаите доведува до неуспешна диета. Зошто?
Кога внесувате премалку калории, вашиот организам влегува во фаза на изгладнување, се успорува метаболизмот и се согорува мускулно ткиво наместо масни наслаги. Кога јадете намирници со квалитетни нутритивни вредности, нема причина да броите калории.

4.Секој ден јадете исти оброци
Лимитираното и едноличното мени не е добро за здравјето.
На овој начин тешко се контролира чувството на глад бидејќи чувствуваме потреба за храна која не ја внесуваме.

5.Купувате и јадете само “здрави намирници”
Едно истражување потврдило дека така наречените фитнес намирници, оние со натпис “fit” или “здраво” на нивното пакување влијае на зголемување на продажбата на тие производи што значи поголема конзумација. Кога луѓето јадат такви “диетални” намирници, не чувствуваат грижа на совест бидејќи се уверени дека се хранат здраво.
Па така, често несвесно се внесуваат голем број на калории кои го отежнуваат слабеењето и одржувањето на здрава телесна тежина.

Shpërndaj me