Пет жени го обвинија Џејмс Франко за несоодветно однесување и сексуално вознемирување.

Франко (39) беше обвинет за време на доделувањето на Златните Глобуси во неделата, кога на сцената го носеше беџот во чест на борбата против сексуалното вознемирување.

Тој ги негираше обвинувањата, велејќи му на Стивен Колбер во вторникот дека тврдењата на Твитер биле неточни.

Дел од жените кои изнесоа обвинувања биле негови студентки во филмското училиште, Студио 4, кое Франко го основа во 2014 година. Една од нив рече дека Франко бил нејзин ментор.

 

Shpërndaj me