По допрен глас Основното обвинителство отвори предмет за токсичната печка во депонијата Дрисла. ОЈО проверува дали се почитувале прописите кога во печката се горел медицински отпад. Од министерството за животна средина веќе ги побарале податоците од извршената инспекција. Според информациите во оваа печка годишно се согаруваат помеѓу петстотини и седумстотини тони медицински отпад од целата држава. Градоначалникот Петре Шилегов, убеден е дека старата печка на Дрисла ќе добие воден филтер до крајот на февруари, а до средината на годинава, ќе се постави нова печка.

„Индикативно е зошто тоа досега не е направено, имајќи предвид дека Градот се јавил како гарант за набавка на нова печка во 2012-та година со давање на меница во висина од седумстотини илјади евра. Зошто од 2012-та до 2018-та тоа не е направено, ќе видиме во некои други постапки најверојатно.“ – изјави Петре Шилегов – градоначалник на Град Скопје

Црвеното светло во јавноста за заадувањето од Дрисла се запали откако се дозна дека печката е донација од Обединетото Кралство пред 18 години, бидејќи уште тогаш таму не ги исполнувала еколошките стандарди. Иако најавите се дека новата печка ќе почне да согорува од средина на годинава, како што објави Алсат М на терен објектот каде таа треба да се постави е во фаза на карабина и се наоѓа спроти британската печка.

Shpërndaj me