Полициски службеници во содејство со припадници на единицата „Алфа“ на 10 јануари при контрола на патничко возило паркирано во близина на ТЦ „Сити мол“ откриле и заплениле одредено количество оружје и муниција.

Како што информира МВР, на 10 јануари околу 21.50 часот при контрола на патничко возило „форд фокус“ со прилепски регистарски таблички паркирано во близина на ТЦ „Сити мол“ биле открени и запленети: еден пиштол марка „Умарех“ 4.5мм 177; еден пиштол марка „Берета“ 4.5мм, еден пиштол марка „Екол Алп“ кал.9.мм, една фантомка во црна боја; четири ножеви на расклопување; три помали ножеви скриени во футрола; еден куршум 9мм за огнено оружје-пиштол; еден куршум непознат калибар; седум куршуми за пиштол за светлосна звучна сигнализација, како и еден магацин од пиштол со 10 куршуми за светлосно-звучна сигнализација и друго.

Истовремено во ПС Карпош се приведени лицата А.К. (42), М.М. (31) и Ј.С. (32) сите од Прилеп, коишто биле во возилото и против нив по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Shpërndaj me