Остра дебата за ребалансот на Буџетот на собраниската Комисија за финансирање. Опозициската ВМРО – ДПМНЕ ја критикуваше политиката на Владата и дека ребалансот е само добро шминкање на државната каса и дека не се почитувале препораките на Прибе, иако СДСм цело време инсистираше до сега на нив.

„Има привремени вработувања во Влада, во Службата за општи и заеднички работи, во министерствата за правда, за финасии и во министерство за земјоделство. Тоа се 325 илјади евра преку Агенцијата за привремени вработувања. Каков развоен Буџет, каков реформски Буџет и какво сеење магла пред граѓаните, кога ние со ребалансот кратиме и некаде додавме“, рече Лилјана Кузмановска – ВМРО – ДПМНЕ.

Министерот за финасии Драган Тевдовски не одговори колку нови и колку привремени вработувања има во изминатиот период. Само кажа дека ставката за плати е намалена за 158 милиони денари или за 2,5 милиони евра.

„Во Собранието има зголемување на плати од 42 милиони денари кое е заради апанажи. Ако споите сè, платите во Буџетот се намалени“, рече министерот Тевдовски.

Од БЕСА пак, со став дека и со овој Ребаланс ќе има помалку пари за подобрување на животот на Алабанците. Тие сметаат дека дел од владините проекти се за купување гласови. Од ова апартија побараа пари за канализација, водовод и училишта во населените места со Албанци.

„И со овој ребаланс не се подобруваат потребите што ги имаат населените места на Албанците. Албанците живеат во места со депонии, кои директно им го загрозуваат здравјето и не само ним, туку и на другите етнички заедници кои живеаат таму“, оцени Биљал Касами – БЕСА.

Од ДУИ рекоа дека не се работи за купување гласови туку дека се кратат оние проекти каде реализацијата била слаба, а дека се даваат парите онаму каде има капацитет да се искористат со готови проекти. Му беше појаснето на Касами, кој доаѓа од Тетово, дека со овој Буџет има 12 милиони денари за претовараната станица во градот.

„Екологија имаше 35 милиони денари за канализација во Арачиново.Искористени се 19 милиони денари, а другите пари ќе одат во Липково за водоводот и цевководот“, рече Реџаил Иасмаили – ДУИ.

Тевдовски појасни дека се кратело онаму каде имало ниска или никаква реализација, а како пример го посочи Министерството за животна средина. На критиките дека се планираат повисоки даноците, Тевдовски објани дека само најбогатите ќе плаќаат повеќе. Инаку, ВМРО – ДПМНЕ поднесе 706 амандмани, а останатите 134 амандмани се од партиите од албанскиот политички блок.

Верица Павлоска

Shpërndaj me