Граѓаните од август ќе плаќаат пониски сметки за парно греење. Регулаторната комисија за енергетика објави дека за корисниците на БЕГ, кој има над 47.000 потрошувачи во градот Скопје, цената ќе поевтини за 3,88 проценти. Ќе се намали и тарифата за ангажирана моќност за 0,18 проценти. Незначително поевтино загревање на домовите ќе добијат корисниците на ЕЛЕМ-Енергетика, каде цената на парното ќе се намали за 0,11 проценти. Поевтинуваат услугите и за потрошувачите приклучени на системот на Скопје Север кои ќе добијат пониски сметки за 1,69 отсто.

Shpërndaj me