Откажана е средбата на медијаторот Метју Нимиц со претставниците на македонија и на Грција првично планирана за 20 или 21 ноември. Состанок ќе има во декември, датумот не се прецизира. Медиумите во Грција пишуваа дека по победата на Заев на локалните избори и стабилизацијата на неговата Влада, Атина од Македонија очекува да продолжи со активностите на „добра волја“ со кои ќе покаже дека го напушта иредентизмот, како што се промената на името на Аеродромот во Скопје и отстранување на спомениците поставени во времето на Никола Груевски“.

Се очекува наредната седмица во Атина да отпатува вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи кој, според најавите, ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.
Експертот за Балканот, Даниел Сервер, смета дека прашањето за името може да се реши во текот на следната година, со што ќе се отстрани пречката за членство на земјата во НАТО и старт на преговорите со ЕУ.

Анеса Салиу

Shpërndaj me