На грчките острови овој месец пристигнале 1.599 мигранти и бегалци, што покажува дека приливот на нови мигранти се уште е голем, соопштија денеска локалните власти.

За 14 дена на Лезбос пристигнале илјада мигранти, на Хиос 485 и на Самос се регистрирани 114 нови бегалци.

Турската крајбрежна стража соопшти дека месецов интервенирала во 23 инциденти со мигранти и бегалци во турските територијални води при што во Турција се вратени вкупно 1.196 лица.

Shpërndaj me