По завршувањето на првиот круг од пред – квалификациите и на европските квалификации за Светскиот куп „Кина 2019“, ФИБА ја објави ранг листата на која Македонија е на 40 – то, а Косово на 86 – то место. Македонија има пад од две позиции и моментално има 159 поени. Од друга страна, Косово направи огромен скок од дури десет позиции. Во првите пет репрезентации има само една мала промена откако Литванија ја зазеде петтата позиција. На врвот и понатаму водат САД, следена од Шпанија, Србија и Франција.

Shpërndaj me