Корисниците на Самсунг уредите ширум светот имаа прилика да видат како ќе изгледа новиот Самсунг Галакси S8. Меѓутоа, штотуку излегоа и фотографии од овој модел, кој на пазарот ќе се појави во три бои и тоа црна, сива и сребрена.

Фотографиите ги откри блогерот Еван Блас, кој исто така на својот твитер налог напиша дека S8 во Европа ќе се продава за 799 евра, додека пак S8 плус ќе чини 899 евра.

Самсунг ќе организира специјален настан за лансирањето на S8 на 29 март, а на купувачите, наводно, ќе им биде достапен од 21 април, оваа година.

Shpërndaj me