НБА. Екипата на Хјустон ја зачува лидерската позиција во Западната Конференција со 19-ттата победа, овој пат против Лејкерси со резултат 118-95. Харден со 36 коша беше најрасположен кај победничкиот тим од Тексас. 19-ттата победа ја забележа и Голден Стејт кој со високи 123-95 го порази Мајами. На победите им се врати и Оклахома Сити кој беше подобар од Сан Антонио. Во меѓувреме, пораз претрпе вториот тим од Лос Анџелес откако Клиперси беа немоќни против Минесота. Орландо пак, со резултат 105:100 го совлада Њујорк.

Shpërndaj me