Управата на НБА Лигата го објавија списокот на најдобрите три состави оваа сезона. Меѓу најдобрите имаше место само за двајца кошаркари од Европа, а исто така во најдобриот тим на сезоната нема место за ниту еден играч на Голден Стејт. Едногласно, жирито даде 100 гласа од можните 100 на главниот играч на Хјустон, Џејмс Харден, кој доби високи оценки поради прикажаните игри во текот на регуларната сезона. Во најдобриот состав се наоѓаат и Леброн Џејмс и Расел Вестбрук. Од Европа е Руди Гоберт од Франција кој игра во дресот на Јута, а ниту едно место немаше за играчите на Голден Стејт. Стефан Кери заврши во вториот најдобар состав исто како и Кевин Дурант.

Shpërndaj me