Замислете си да избегате од својот роден град и да се преселите на место што е толку многу поволно за живот, што не мора да работите постојано, а би живееле удобен живот.

Тоа не мора да биде само фантазија, такви места навистина постојат. Градови кои нудат многу убавини, но и навистина поволни цени за недвижнини и евтини цени на неопходните продукти за удобен живот.

Во прилог погледнете ја листата на 8те најповолни места за живеење во 2018та година:

1. Лисабон, Португалија


Лисабон, како и цела Португалија е меѓу најевтините места во Западна Европа, благодарение на “завидна даночна ситуација” и многу поволни цени за недвижнини.

Меѓу останатите нешта што го прават Лисабон привлечен се и старите, камени градби обоени во пастелни бои, паркови со прекрасни фонтани и незаменливи морски пејзажи.

2. Плаја дел Кармен, Мексико

Oвој мал град некогаш бил само мало рибарско село, но не повеќе. Денес во Плаја дел Кармен има 7% доселеници од вкупното население и луѓето едноставно го обожаваат. Ова место е едно од најбезбедните живеалишта во Мексико, рај за сите љубители на плажи и тропски предели. 

3. Бали, Индонезија


Бали има добро заслужена репутација како еден од најубавите тропски острови во светот. Локалните жители се пријателски настроени и се сметаат за едни од најспокојните и пријатни луѓе.

4. Да Нанг, Виетнам

Да Нанг е третиот град во Виетнам по големина, кој ќе направи да се чувствувате како во стар филм, со својата ретро софистицираност која дава аура од минатото.
Градот е на совршена локација, се наоѓа помеѓу Ханои и Хо Ши Мин Сити и во близина на неколку локации кои се светско наследство на УНЕСКО.

5. Кали, Колумбија


Се наоѓа на надморска висина од речиси 3.300 стапки, така што има пријатна клима, а сега Кали покрај тоа што е евтино место за живеење, исто така е и безбедно.
Прекрасен град, во кој ќе видите високи палми покрај широките булевари, многу паркови и зелени површини.

6. Санто Доминго, Доминиканска Република


Доминиканската Република има една од најбрзорастечките економии во Латинска Америка, а нејзиниот главен град, Санто Доминго е местото што треба да се живее.
Санто Доминго е место каде по улиците се чувствува живот, полно пристаниште и град кој полека станува епицентар за инвестиции во туризмот.

7. Абруцо, Италија


Со своето јадранско крајбрежје, планини за скијање и богати лозја, Абруцо е прекрасно место за живот. Во Арбуцо се продаваат куќи за 1 евро, што е одлична вест за сите кои сонуваат да поседуваат куќа во Италија.

8. Љубљана, Словенија


Љубљана е модерен град со сите животни привилегии од 21виот век, кој нуди лесен пристап до плажи, маслинови градини и скијачки центри. На 45 минути северно од градот се наоѓа малиот остров Блед.

 

Извор: hybread.mk

Shpërndaj me