Најмалку три лица загинаа откако непознато лице отвори оган во американскиот град Ранчо Техама, Калифорнија. Напаѓачот е убиен од страна на полицијата.

Според полицијата инцидентот се случи во близина на основно училиште во 08:00 часот по локално време.

Во нападот повредени се три лица, од кои две деца и еден 30-годишен маж.

Ранчо Техама се наоѓа на 184 километри северно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто.

Shpërndaj me