Најмалку едно лице загина денеска и повеќе од 20 се ранети во напад во средно училиште во градот Паркленд на Флорида.

Полицијата соопшти дека го уапсила осомничениот за нападот.

Училиштето е блокирано, и според американски медиуми можно е бројот на жртви да биде многу поголем.

На инсерти од американски телевизии се гледа како стотина ученици панично бегаат додека полицијата трага по напаѓачот. Градот Паркленд е на околу 70 км северно од Мајами.

Shpërndaj me