Кошарка. Следниот претквалификациски натпревар за Мудијалот меѓу Македонија и Косово ќе се игра без публика. Кошаркарската федерација на Македонија информираше дека нема да пушта билети поради безбедносни причини. Сите кои купиле блок билети и за натпреварот со Косово и со Естонија, ќе може да дојдат, но ќе бидат сместени во блокот М-15. Локалните медиуми пишуваат дека федерацијата се одлучила на таков чекор поради страв евентуално да не има повеќе навивачи од Косово. Ова е првпат една спортска федерација во Македонија за натпревар на репрезентацијата да не пушта билети во слободна продажба.

Shpërndaj me