Познатиот фудбалер од Куманово, Насер Алији е блиску до трансфер во познатиот швајцарски клуб, Грасхоперс. За неговите услуги лично е заинтересиран тренерот Марат Јакин, кој го ангажираше во клубот Базел и му даде шанса да дебитира во првата швајцарска лига. Во меѓувреме, бекот од Македонија, Леонард Жута ја продолжи соработката со првакот на Хрватска, Риека. Жута боите на овој клуб ќе ги брани до 2019 година. Бекот во хрватската екипа игра од сезоната 2015/16 додека, за сениорската репрезентација на Македонија одигра 15 натпревари.

Shpërndaj me