Четири години затвор за Панче Ангелов, која за коса ја влечеше Радмила Шеќериснака на крвавиот 27 – ми април во Собранието. Судот денеска ја изрече пресудата имајќи ја во предвид возраста на Анегелов. Сепак, при носењето на одлуката, за судот преовладувале отежнувачките околности – дека делото е сторено без повод и причина во највисокиот законодавен дом, а нападот бил снимен од медиумите, што предизвикал страв и несигурност кај граѓаните. Панче Ангелов, мирно и тивко ја слушна пресудата на Кривичниот суд и образложението зошто добил четири години. Но, на излегување не застана да даде изјава. Побегна од камерите и упати неколку пцовки.

Во судница не дојдоа оштетените Радмила Шеќеринска и Зоран Заев, бидејќи и немаат обврска да присуствуваат при изрекувањето пресуда. Судијата го поучи Панче Ангелов дека има рок од 15 дена да ја обжали одлуката на скопска единица, до Апелацискиот суд. Инаку, Ангелов вечерта на 27 април беше дел од насилната толпа која упадна во Собранието и нападна пратеници. Од видео снимките се утврди дека за коса ја влечел пратеничката Радмила Шеќеринска во моментот кога таа се обидува да го напушти прес центарот. До правосилност на пресудата, Ангелов ќе треба да се јавува во судот еднаш неделно бидејќи му беа одредени мерки на претпазливост. Кривичнот дело насилство за кое тој беше осуден предвидува казнна затвор од три до 10 години затвор.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me