Шпанското обвинителство соопшти дека над 700 градоначалници во Каталонија се под истрага за поддршка при организирање на референдумот за независност кој Врховниот суд го прогласи за незаконски.

На полицијата и е наредено да го уапси секој од нив кој нема да соработува, јавија локални медиуми.

Државниот обвинител Хосе Мануел Маса побара од провинциските обвинители истрага за 712 градоначалници кои веќе обезбедиле услови за гласањето на референдумот за независност на Каталонија

Организаторите на референдумот соопштија дека и покрај забраната, гласањето ќе се одржи и побара од 947-те градоначалници во Каталонија да обезбедат се што е потребно за гласањето.

Премиерот на Шпанија Мариано Рахој ги повика луѓето во Каталонија да се воздржат од учество на референдумот за независност закажан за 1 октомври.

Shpërndaj me