Првиот светски рекет, Шпанецот Рафаел Надал, го загуби првиот натпревар во завршниот АТП турнир во Лондон. По поразот, Надал изјави дека се откажува од ова натпреварување поради повреда на коленото. Имено, првиот пораз во овој турнир му го нанесе Давид Гофин. По мастерсот во Париз, ова е второто натпреварување од кое Надал се откажува поради повреда. Шпанскиот рекет оваа година ќе ја заврши на првата позиција на АТП листата, но за жал и годинава нема да го освои трофејот на најдобрите.

Shpërndaj me