Иако со задоцнување, МОН реагираше за излегувањето на учениците на протести против албанската платформа за време на наставниот процес. МОН ги обвини директорите на училиштата кои дозволуваат учениците да излегуваат на улични протести, а велат дека му наложило на Инспекторатот да ги провери училиштата и да ги преземе потребните мерки.

„Му наредивме на Државниот просветен инспекторат, директно на директорката на овој Инспекторат, а врз основа на одговорот кој таа ни го врати, во кој се вели дека сите инспектори се испратени на терен и прават евиденции во сите средни училишта кои дозволија учениците да излезат на улица, ќе се направи записник после кој согласно Законот ќе се преземаат санкции за сите што го прекршуваат Законот“. – изјави Сафет Незири, МОН

СДСМ го обвини претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски за принудување на вработените во образованието да го прекршуваат Законот.

Пред неколку дена ученици на прилепската гимназија објавија видео на кое се гледа како директорот на гимназијата на децата им држи националистички говор и ги принудува да излезат на протести за време на настава. МОН се уште не одлучила за тоа дали директорот ќе биде санкциониран, иако таква постапка претставува кршење на Законот.

Вјолца Алити

Shpërndaj me