Комесарката за заедничка европска надворешна политика, Федерика Могерини, утре повторно во Брисел ќе ги собере лидерите од западен Балкан. Тема се очекува да биде Стратегијата за проширување на ЕУ, документ што се очекува да биде објавен во февруари. На средбата ќе оди и премиерот Зоран Заев.

Според информациите од Брисел, пред неформалната заедничка вечера со премиерите на Македонија, Србија, Албанија, Босна, Црна Гора и Косово, Могерини ќе има билатерални средби со секој од нив.

Анеса Салиху

Shpërndaj me