Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години која веќе обезбеди пласман во елитната квалификациска рунда на УЕФА за пласман на ЕП, попладнево го победи Лихтенштајн на гостински терен со 6:0. Димитар Митровски постигна хет-трик, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Дарко Чурлинов, Бојан Колевски и Бојан Миовски. Ова беше последниот натпревар за „црвено-жолтите“ во квалификациската група каде беа и селекциите на Белгија и Швајцарија. За разлика од помладата генерација, фудбалерите до 21 година убедливо, со 4:0 беа поразени од Австрија и остнуваат заковани на дното на седмата квалификациска група со само 3 бодови во пет кола.

Shpërndaj me