Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа четвртата победа во Првата лига откако вечерва во последниот дуел од 6.коло на домашен терен го победија новиот прволигаш Гостивар со 75:67 (17:18; 16:11; 24:20 и 18:18).

Првиот период минимално им припадна на гостите, а „металците“ пресвртот го направија во вториот и третиот период и по 30 минути играа имаа водство од 57:49. До крајот на дуелот успеаја да ја зачуваат предноста. За тимот на Гостивар ова беше втор пораз.

Најефикасен на дуелот беше Марко Симоновски од МЗТ Скопје со 22 поена.

По комплетирањето на 6.коло двете екипи имаат по 10 бодови (скор 4 победи и 2 пораза) исто колку и тимовите на Фени Индустри и на АВ Охрид. Овие четири тимови се на делба од 4-7 место на табелата.

На врвот е Работнички со максимални 12 бода, а бод помалку имаат Блокотехна и Карпош Соколи.

Shpërndaj me