Ракометната федерација и Македонски Телеком склучија партнерство пред европското првенство во Хрватска. Првиот човек на македонскиот ракомет Живко Мукаетов вели дека е задоволен од чекорот.

Извршниот директор на компанијата Андреас Елснер верува дека Телеком ќе и донесе среќа на ракометната репрезентација како што беше случајот со Вардар во Лигата на шампионите.“ – изјави Живко Мукаетов, претседател на РФМ

Во 2018 година, ја променивме нашата стратегија, сега се трудиме да бидеме главен спонзор при што спортот ќе биде во центарот, односно наш фокус ќе биде ракометот. И донесовме среќа на екипата на Вардар на европска сцена и се надеваме дека истото ќе го направиме и за вас момци. Затоа, ви посакуваме се најдобро на следното европско првенство“. – рече Андреас Елснер, извршен директор на Телеком

Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров, верува дека Македонија е подготвена за нови успеси против големи екипи како што е Германија.

Ракометарите во четврток заминуваат за Хрватска каде в сабота ќе го играат првиот натпревар против Словенија.

Maхир Тачи

Shpërndaj me