Зенит пристигна во Скопје каде ќе одржи само еден подготвителен тренинг пред натпреварот со Вардар во четврток во стадионот „Филип втори“. Ова ќе биде првиот натпревар од групата Л, во која се и Реал Сосиедад и Розенборг. Тренерот на Зенит, Роберто Манчини одлучи против Вардар да не го ангажира најскапиот летен трансфер, Леандро Паредес и репрезентативецот на Русија, Олег Шатов. Од Вардар кој прв пат се натпреварува во Лига Европа, велат дека на овој натпревар ќе отсуствува украинецот Евгенија Нова, кој се повреди на последниот тренинг.

Вардар е солидна екипа, ќе биде тежок натпревар, бидејќи првите натпревари во рамки на групите се најтешки. Вардар е силна екипа, бидејќи има добра организираност, доста добро се брани, и е доволно опасен тим“. – изјави Роберто Мачини, тренер на Зенит

Shpërndaj me