Околу 1.000 ученици од средните училишта денеска танцуваа во центарот на градот испраќајќи порака за мир. Ова манифестација, освен во Скопје се одржа и во Охрид, Струга, Струмица и Гевгелија. Матурантите се оптимисти дека по завршувањето на средното образование пред себе ќе имаат нови можности и перспективи. Независно од тоа, дел од нив сè уште не одлучиле каде и дали ќе го продолжат образованието.

“Имам план да отворам работилница и да работам. Ако има можности, има и перспектива.”

“Планирам да студирам и мислам дека во оваа земја има перспектива. Ќе размислам на кој факултет ќе се запишам.”

“Би сакал и да работам и да студирам. И двете работи се добри за иднината. Мислам дека ако се има желба може да се успее во нашата земја.”

“Јас добив стипендија за студирање и ќе одам надвор од државата. Но, сметам дека и кај нас има перспектива.”

Вјолца Алити

Shpërndaj me