Еден ден пред официјално да почне со работа, Македонски телеком го претстави новиот еколошки продажен салон кој се наоѓа во скопски Сити Мол. Овој салон е идентичен како најдобрите продажни салони на Дојче телеком низ светот и е прв ваков во Македонија. Освен вообичаените содржини за ваков салон, тој има и една еколошка новина. Има поставено еко ѕидови со живи растенија кои треба да го филтрираат воздухот во просторијата и со тоа да придонесат за поголемо и поздраво уживање во можностите на продажниот салон. Салонот за јавноста ќе биде отворен утре, 11 ноември.

„Веќе од утре ќе услужиме 500.000 корисници кои ќе дојдат во следнава година да ја искористат нашата најдобра мрежа, нашите продукти и услуги уживајќи во шоља кафе или чај, додека имаат одлична услуга. Навистина сме возбудени, околу 90 отсто од нашите корисници се задоволни од нашата услуга.“ – изјави Андреас Елснер

 

Shpërndaj me