Младата репрезентацијата до 19 години, по извлекувањето на ждрепката во Нион, Швајцарија, ги дозна своите противници за елитните натпревари на квалификациите за Европското првенство. Тие ќе се соочат со нивните врсници од Англија, Унгарија и од Летонија, а квалификацискиот турнир ќе се одигра во Скопје, во март 2018 година.

„Задоволен сум од ждрепката и верувам дека имаме можност да забележиме историски резултат,” изјави селекторот Вујадин Станојковиќ за официјалната интернет страница на ФФМ. Македонија во претквалификациите забележа победа на 3-те натпревари одиграни во Скопје, при што ги порази Белгија, Швајцарија и Литхтенштајн. Натпреварите во квалификациските групи ќе треба да завршат до 20 мај, по што победниците од 7 групи, ќе се квалификуваат на Европското првенство во Финска, кое започнува на 16 и се затвора на 29 јули.

Репрезентацијата на Македонија до 17 години, по прв пат ќе се натпреварува на квалификациите за европското првенство во Англија. Генерацијата предводена од селекторот Горан Станиќ, ќе биде во Групата 3, каде ќе се соочат со Полска, Ирска и со Грузија. Мини-турнирот ќе треба да се заврши до 1 април, а победниците од 8 групи ќе се квалификуваат на завршните натпреварувања, кои ќе ги организира Англија. Европското првенство започнува на 4, а завршува на 20 мај.

Махир Тачи

Shpërndaj me