Централната Влада на Шпанија денеска ја отфрли можноста поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон повторно да ја води покраинската Влада од Брисел.

– Парламентарните правила се многу јасни, изјави портпаролот на Владата, Иниго Мендес де Виго, додавајќи дека е „нереално и спротивно на здравиот разум Пуџдемонт да раководи со каталонската Влада од Брисел“.

Најзначајните каталонски партии, кои се залагаат за независност на покраината во средата постигнаа договор повторно да го изберат Пуџдемон за регионален лидер.

Седницата на новиот каталонски Парламент закажана е на 17 јануари.

Пуџдемон, кој побегна во Белгија за да избегне затвор, планира да се им се обрати на регионалните пратеници преку видео врска или пак неговиот говор пред гласањето ќе го прочита некој од пратениците.

Сепаратистичките партии освоија тесно мнозинство во Параламентот на 21 декември минатата година, кои беа распишани откако шпанскиот премиер Маријано Рахој го смени Пуџдемон и членовите на неговиот кабинет, откако Каталонија прогласи независност по референдумот што се одржа во октомври 2017 година.

Shpërndaj me