Граѓаните очекуваат локалните избори на 15 октомври да се одржат на мирен и демократски начин. Поголемиот дел од анкетираните граѓани изразија разочарување од сегашните општински претставници.

„Општина Чаир нема сработено ништо. Јас сум од општина Чаир и не направија ништо, не само во Чаир туку и во другите општини. Старата Чаршија остана во беда. Не работеа ништо. Очекуваме нешто подобро ако доаѓа некој подобар, некоја подобра партија, но со старите партии нема ништо.“

„Мислам дека ќе има подобрувања, јас доаѓам од општина Сарај, и не сум многу задоволен.“

„Очекувам да победат прогресивните сили. Се надеваме, но не кај нашите албански партии, не сум задоволен од нашите албански партии, повторно ќе гласаме за Заев, не зашто го сакаме туку за да се освестат Албанците, нашите лидери не не претставуваат, туку ни посредуваат. Ние немаме претставници, ги земаат гласовите иправат што сакаат. Верувам, на оваа влада и верувам.“

„Очекуваме изборите да поминат добро и да се избере најдобриот, очекуваме нешто да се промени, да оди кон подобро.“

„Како луѓе секогаш очекуваме да се случи нешто добро, но како ќе биде, ќе видиме понатаму. Јас сум задоволен од општината каде што живеам, во Карпош, задоволен сум со она што го имаме на располагање, средства и динамика. Задоволен сум, бидејќи сите работи што ми се потребни ги наоѓам во оваа општина.“ – велат граѓаните

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 15-ти октомври, а авториот на 29-ти октомври. Изборната кампања почнува на 25 септември.

Вјолца Алити

Shpërndaj me