Лицата кои пушат канабис имаат голема шанса да доживеат срцев удар, покажа најновата студија на научници од САД.
Тие утврдиле дека лицата кои конзумираат канабис повеќе од пет години во своите рани 30¬ти години, имаат 4,6 отсто повеќе шанси да заболат од кардиоваскуларни болести во споредба со оние кои не пушат.
Оние кои конзумираат канабис во касните 20¬ти години, имаат три пати поголема шанса да доживеат срцев удар. Испитувањето е направено според податоци на 210.000 корисници на канабис споредени со 10 милиони лица кои не користат.
Лицата кои пушат канабис имаат висок крвен притисок, пијат повеќе алкохол и често имаат дијабетис тип 2. Се тоа ја зголемува шансата за срцев удар.

Shpërndaj me