Апелацискиот суд ги одби барањата за притвор на СЈО за Драган Павловиќ – Латас и екс вице – премиерот за економски прашања, Валдимир Пешевски. Повисокиот суд ги потврди одлуките на Кривичниот кој одлучи наместо да ги испрати во затворот во Шутка, да донесе поблага мерка и да им ги одземе пасошите.

Без пасош останува и екс директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, кој заедно со Пешевски е обвинет за злоупотреба на над 150 милиони евра за изградбата на автопатиштата со кинески кредити.

Без пасош останувaaт и браќaтa на Латас, Срѓан и Ѕвездан Павловиќ, како и помошникот – министер во МВР, Ѓоко Поповски. И неговата жалба Апелација ја одбила.

Shpërndaj me